Дваесет и две годишната Американка, Ева Гатовски стана милионерка заработувајќи пари од нејзините видео објави на Јутјуб.
Кога пред пет години почнала да снима видеа и да ги објавува на нејзиниот канал на Јутјуб, „MyLifeAsEva“, Гатовски планирала да заработи пари со кои ќе покрие дел од студиите по новинарство, но, не ни претпоставувала, дека тоа ќе прерасне во „бизнис“ од кои може солидно да заработува.
Својот „интернет бизнис“ Ева го започнала пред пет години кога почнала да води моден блог на кој објавувала коментари и по некое видео. Набрзо дознала дека поисплатливо ќе и биде доколку својата активност ја префрли на Јутјуб, па така и го формирала каналот „MyLifeAsEva“.
Првиот чек што го добила од Јутјуб бил на сума од 20 доалри, кои ги потрошила на вечера.
Нејзиниот канал на Јутјуб денес има над 7,5 милиони следбеници, што досега и донесе заработка од неколку милиони долари.