Фудбалерот Кристијано Роналдо во последните неколку месеци навистина живее вистинска бајка.
Во неговиот живот за само неколку месеци се појавиа три преслатки деца, близнаците Ева и Матео кои ги доби во јуни со помош на сурогат мајка, а потоа и дваиполмесечната Алана Мартина која на свет ја донесе неговата девојка Георгина Родригез.
Како што се наближуваат празниците, шестчленото семејство е конечно заедно, па пресреќната Георгина со следбениците на Инстаграм подели фотографија од топлиот семеен дом, оставајќи порака
– Ја креирам љубовта и го градам животот со тебе.
И додека девојчињата уживаат во рацете на мама и тато, најстариот брат Кристијано Роналдо Јуниор гордо во своите прегратки го држи братчето Матео.
Инаку, Португалецот на неодамнешаната свеченост во Париз, стави до знаење дека би сакал уште едно дете и тоа на Божиќ. Ќе видиме дали оваа желба ќе му се оствари.