Бракот со Дајана беше како грчка трагедија

popara7 јуни, 20171min00
3

Принцезата Дајана, не е единствената која што се чувствувала заробено во бракот со британскиот престолонаследник. Тајните писма, кои принцот Чарлс ги пишувал до својата пријателка Ненси Реган, откриваат дека и тој воопшто не бил среќен во оваа брачна заедница

-Нашиот брак е своевидна грчка трагедија, пишува принцот во едно од своите писма до Ненси испратено на 21-ви јуни 1992-ра година.

 

-Никој не може да разбере што значи тоа додека не му се случи. Еден ден ќе ти ја раскажам целата приказна, раскажува Чарлс.

 

Неодамна беше објавен нов документарен филм за принцезата „Последните 100 денови на Дајана“, во кој беа откриени нови детали околу нејзиниот живот, меѓу кои и дека имала повеќе љубовници, отколку што претходно се претпоставуваше.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *