Понекогаш одговорот стои токму пред вас.
Може да биде тешко да знаете кога е време да ја кренете кочницата во една врска, но понекогаш одговорот стои токму пред вас.
И, иако точката на пресврт е различна за секого, еден експерт за врски вели дека има еден клучен знак што е индикатор за повеќето од нас дека и дошол крај на врската. Имено, Џејмс Прис открива дека луѓето кои не се среќни во нивните врски сите имаат една взаемна работа.
„Ако постојано се прашувате како би било да се гледате со некој друг, тогаш е време да излезете од врската,“ изјави тој за Mail.
„Иако е во ред понекогаш да фантазирате за позната личност, ако постојано гледате кон други луѓе тогаш мора да се запрашате зошто.“
Дали имате око што шета или сте љубоморни на вашите сингл пријатели и се плашите дека нешто пропуштате? Ако е така, тогаш Џејмс вели дека можеби е време да ја прекинете врската.
„Ова се значајни предупредувачки знаци дека нешто не е во ред со вашата врска,“ вели тој.
„Ако сé повеќе мислите на други луѓе освен вашиот партнер, тоа е скоро секогаш така затоа што ви е досадно. Откако ќе почне тоа да се случува, магијата набрзо може да избледи, а вие ќе престанете да вложувате труд во врската.“
Главниот виновник? Досадата. Џејмс објаснува дека повеќето луѓе реагираат на овој начин кога ќе сватат дека ги правеле истите работи цело време.
„Кога не ви се случува ништо оригинално и забавно во врската почнувате да барате малку возбуда на други места,“ тој додаде.
Па, што треба да направите ако не сте баш спремни да ја завршите врската во овој момент?
Ако сакате да се обидете уште еднаш, Џејмс препорачува редовно да договарате вечерни состаноци со вашот партнер и да правите нешто различно за да излезете од монотонијата.
„Разговарајте за ова со вашиот партнер пред да почнете да се гледате со некој друг,“ предлага тој.
Но, во секој случај, Џејмс додава дека понекогаш е важно да препознате кога работите го достигнале својот крај.
„Само запомнете дека е пдобро да излезете од врска која е во ќор сокак отколку да останете со некој само од навика“.