Фолк дивата конечно реши да проговори на темата љубов, а како што вели задоволна е од својот живот.
-Не сакам за нешто така интимно да се зборува и пишува. Доволно е што сум задоволна од својот живот, а тоа значи дека сум го органиизирала така како што ми годи, рече Цеца.
Иако во новиот спот за песната „Лажов ноторни“ излезе пред матичар и облече венчаница, вели дека се мали шансите во реалниот живот нешто слично на тоа да и се случи.
-Се омажив со преголема љубов и од неа се родија две деца. Не велам дека, од трагичниот прекин на бракот, цело време сум сама. Имало врски и врскички, но не сум размислувала за тоа некоја од нив да заврши со брак, вели пејачката.