![7](https://popara.mk/wp-content/uploads/2017/10/7-5.jpg)
Со овој чај кој лесно се приготвува дома може да ослабнете до 3 килограми за една недела.
Доколку чувствувате надуеност, а сакате и да се ослободите од насобраната вода во организмот, да направите детоксикација и да загубите некој килограм за брзо време, подгответе го овој едноставен чај од пет состојки.
Во тенџерче ставете 1 литар вода, додадете помала китка исечкан магдонос, и четири кесички зелен чај. Оставете заедно да зовријат, а потоа тргнете го тенџерчето од оган и поклопете го.
Кога чајот ќе отстои и ќе се излади, исцедете го, па во него додадете 30 грама изрендан ѓумбир, 2 цедени лимона и 1 лажичка цимет.
Доколку сакате да го заблажите, додадете 1 лажица мед.
Претурете го чајот во стаклено шише и ставете го фрижидер. Пијте го ладен во текот на целиот ден.