Војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон вчера го прославила својот 35-ти роденден. Таа стана икона на стилот откако во 2011 година се омажила за принцот Вилијам. Но сите се прашуваме изгледала пред кралската венчавка?
На социјалните мрежи вчера се појавила стара фотографија на Кејт, најверојатно настаната во 1999-та година, кога таа имала 17 години, односно завршувала средно училиште.
Тогаш имала пополни образи, позирала без наместена фризура, и без насмевката која денес е нејзиниот заштитен знак.
Кратко откако настанала оваа фотографија, Кејт се запишала на факултет, каде го запознала принцот Вилијам, со кого денес има две деца.