Ова е веројатно едно од многуте прашања што ве копкаат одвреме-навреме…
Прашањето најчесто гласи: Дали честите сексуални односи го менуваат обликот/големината на вагината? Исто така, ако жената многу пати има секс со маж со многу голем пенис, дали обликот на нејзината вагина ќе се смени трајно? Или дали секој пат ќе се „враќа“ во својот првобиртен облик. Еве што вели за тоа д-р Лорен Страјхер, професорка по гинекологија и акушерство на Универзитетот Нортвестерн.
„Отпуштете се! Женското тело, вклучувајќи ја и вагината, е направено така што да биде еластично и да има голема моќ за приспособување во различни ситуации, од секс со маж со голем пенис до породување“, вели таа. „Дури и најголемиот пенис на светот не може да се спореди со големината на бебето што поминува низ вагиналниот канал за време на породувањето, така што нема потреба за загриженост.“
Ако по сексот не се чувствувате „тесно како обично“, нема причина за грижа. Вагината само што била подолго време проширена, а вие уживавте во сексот. Но за десетина минути или по час-два, сè ќе се врати во нормала, вели д-р Страјхер.