
Звучи потполно лудо, но веќе со години се расправаме околу тоа, колку и на кој начин да ја миеме косата.
Сигурно веќе на памет ги научивте препораките дека е подобро поретко да ја миете косата, а некои велат дека е подобро да дигнете раце од шампонот. И познатите дами велат дека се трудат колку што можат поретко да ја мијат косата, па така Ким Кардашијан тврди дека косата ја мие секои пет дена.
Доколку не ја миете косата, темето ќе ве боли и чеша, но дали сте се запрашале зошто? Затоа што на вашата глава се одвива процес на габична инфекција!
Кога косата не ја миете доволно често, маснотијата која се произведува на темето го помага растот и развојот на габите, што доведува до воспаление, чешање, црвенило, првут и болка – објаснува Џошуа Зајхнер, дерматолог.
Сега, кога сето ова го знеате, заборавете на идејата да не ја миете косата по две недели.