Десет работи што треба да ги знаете за менопаузата

popara13 април, 20171min00
1

Менопаузата  се нарекува промена на животот, почеток на крајот и почеток на следната половина од твојот живот. Како и да гледате на оваа промена постојат мноштво гласини поврзани со оваа појава и еве десет работи што треба да ги знаете .

Веќе нема потреба за заштита од забременување штом веке настапила менопаузата но треба да поминат не помалку од 12 месеци после последниот менструален циклус. Но не е исклучена и веројатноста од отсуство на циклусот неколку месеци и подоцна пак да се појави, што значи дека повторно има опција за забременување во овие така наречени “старт и стоп” моменти . Затоа придржувајте се на правилото да не бидат помалку од 12 месеци за да може да сте сигурни дека менопаузата навистина започнала и нема опасност од забременување.

Не кај сите жени има појава на таканаречениот симптом “топлотни бранови” карактеристичен за менопаузата. Повекето жени ќе доживеат вакви “топлотни бранови” и потење особено во текот на ноќта. Ова може да трае 5 години после настапувањето на менопаузата.

Зголемувањето на телесната тежина во областа на струкот и карлицата е исто така карактеристична појава, па затоа треба да го намалите дневниот внес на калории поради забавениот метаболизам и губењето на мускулната маса кои се исто така последица од менопаузата.

Може да се забележи како последица и вагинална и вулварна атрофија (односно намалување и стеснување) која може да резултира со сувост и болни односи. Зборувајте со вашиот гинеколог за опциите за третман. Максимум две години се смета за најбезбедна временска рамка за употреба на ХТ.

Хормонската терапија во моментов се смета за медицинска опција како третман на силно изразени топлотни бранови  но поради зголемениот ризик од појава на рак на дојка поврзано со хормонската терапија нејзината употреба се ограничува на 2 години. Останатите симптоми треба да се третираат со други начини на лечење.

Проблеми со сонот, анксиозност, депресија, заборавеност, раздразливост се чести поплаки на жените кои влегле во менопауза.

Ако претпочитате да изберете друг вид терапија покрај ХТ, за смирување на симптомите тогаш во предвид  доаѓаат следниве медикаменти:  витамин Б комплекс, витамин Е, Ибупрофен, Катапрес, пилули за контрацепција, некои антидепресанти, Неуронтин и други. Или пак додатоци во исхраната на природна база како што се сојата, масло од јаглика и други што покажале позитивно делување при смирувањето на симптомите.

Остеопоразата е чест симтом и ризикот од неа е многу поголем после појавата на менопауза. Се препорачува да направите контрола на густината на коскеното ткиво а “Декса” е  најточниот дијагностички метод.

Ризикот од срцеви заболувања се зголемува после менопаузата поради намалување на нивото на естроген.

Кај помала група жени може да се забележи и промена на бојата на гласот  како и окосмување во пределот на лицето како последица на хормоналните промени што настапиле .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag