Состојки:
4 јајца
150 гр шеќер
110 гр брашно
1/2 лажичка прашок за печиво
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Одвојте ги белките и жолчките. Во сад разматете шам од белки, а потоа постепено додајте 2 лажици шеќер. Во друг сад измешајте жолчки со остатокот од шеќерот. Мшајте додека не стане густо.
Просејте го брашното и прашокот за печиво, додајте половина од шамот од белки во мешавината со жолчки, а потоа измешајте го и брашното. На крај додајте ги останатите белки и полека измешајте.
Смесата ставете ја во шприц за филување и нанесете го саканиот облик на хартија за печење. Печете околу 8 минути.