Судирот помеѓу Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша продолжува, Карлеуша на снимањето на Ѕвездите на Гранд повторно ја споменала нејзината голема ривалка.
Цеца се појавила на суд, и на својот инстаграм профил објавила фотографија пред судницата. Карлуша не се појавила, рекла дека не знае зошто Цеца била на суд, бидејќи како што наведува, судењето е закажано дури за 12. декември.
– Моето судење со Цеца е закажано за декември. Таа најверојатно се појавува за да ја сликате, на тоа да даде маркетинг, поголем маркетинг од мене нема да добие, доста живееше на мој грб и моја слава. Се “качува” на се што е поврзано со мене, и тоа веќе нема да и го дадам. Јас сум повикана на 12. декември на судење и ме боли к**** веќе да зборувам за Цеца Ражнатовиќ – порачала Карлеуша.