Ана Николиќ ги собра погледите и лајковите на обожавателите кога ја откри својата нова линија. По пораѓањето, Ана Николиќ драстично се здебели, се зборуваше дека има повеќе од 100 килограми, па дури и цели 125, а сега пејачката ги вџаши сите кога на „Инстаграм“ ја покажа својата нова линија.
Неколку недели Ана воопшто не се појавуваше во јавноста, а новата слика што ја стави предизвика вистинска лудница.
Фала ви на сите за убавите желби! Ве сакам многу и ќе ми недостигате! Ќе се дружиме повторно многу бргу“, напиша Ана Николиќ под фотографијата што направи вистински бум на интернет.
Иако таа го покажа само горниот дел од телото, јасно е дека пејачката драстично ослабе. И кога ќе кажеме драстично, мислиме токму така!
Да потсетиме, Ана се породи на 3 август во ГАК „Народен фронт“.