Додека целиот клан Кардашијан молчи околу наводната бременост на Кајли Џенер, нејзиниот татко, кој го смени полот, и официјално потврди дека неговата 20-годишна ќерка чека дете.
Во изјава за магазинот „Sun“ портпаролот на Кејтлин Џенер изјави дека таа знаела за бременоста од пред некое време. Потврдата доаѓа само неколку дена откако таблоидите започнаа да пишуваат дека Кејтлин била мошне разочарана од тоа што ќерка и забременила на толку млада возраст.
Во меѓувреме бременоста на Кајли и понатаму е топ тема во медиумите, а таа изгледа дека ужива во целото внимание кое и се посветува, па започна да објавува стари фотки на социјалните мрежи за да привлече уште поголем интерес.
Претпоставките околу целата ситуација одат од една во друга крајност. Некои сметаа дека Кајли во суштина е сурогатот кој го носи бебето на Ким и Каније, додека други претпоставуваат дека детето не е на Тревис Скот, туку на претходното момче на Кајли, раперот Тајга.
Блиски извори на кланот Кардашијан велат дека Крис е мошне бесна поради изјавата на Кејтлин бидејќи таа го прекрши договорот на целото семејство да не се даваат никакви коментари во јавноста.