Познатата пејачка и поранешниот спортист официјално ја потврди својата врска. Алекс Родригез јавно изјави дека тој и Џенифер Лопез се во љубовна врска.
Тој покрај тоа што јавно ја потврди нивната врска, зборуваше за неа дека е една од најпаметните и најпрекрасните личности кои ги има запознаено, а истовремено е и неверојатна мајка. Новиот славен пар веќе е забележан и фотографиран неколку пати во Њујорк. 47-годишната пејачка е постојано со своето ново момче и тие можат да се забележат како уживаат во познатите ресторани во Њујорк.