Џим Кери се отвори за борбата со депресијата

popara24 ноември, 20171min00
1

Актерот Џим Кери ја отвори душата за неговите лични искуства со депресијата, и како таа го променила низ годините додека тој боледувал од неа.

Џим Кери вели дека понекогаш е среќен и дека во последно време многу ретко се чувствува депресивен.

Канадскиот актер беше под голем медиумски стрес и моментално се наоѓа во судска постапка, во која мајката на неговата поранешна сопруга Катриона Вајт го обвини дека тој ја снабдувал Катриона со лекарствата со кои таа се предозираше.

„Во последно време, понекогаш се чувствувам среќен. Не ја чувствувам депресијата. Тоа го чувствував со години, но сега дождот ќе заврне, и не останува, туку си оди. Не останува да ме удави“, рече Кери за i.

Тој проговори и за смртта на неговата поранешна сопруга, но не сакаше да коментира детално околу судењето и проблемите кои настанаа по него.

„Сосема сум во ред со сѐ што се случи, дури и со лошите работи, во приватниот живот и во професијата. Чувствувам задоволство кога се потсетувам на овие работи, знаејќи дека поминале“, додаде тој.

Во моментот тој работи на документарниот филм на Netflix, „Jim & Andy: The Great Beyond“.