Експертите открија од кого го наследуваме генот одговорен за рак на дојката

popara13 септември, 20171min00
8

Од родителите можеме да наследиме многу физички особини, но и болести. Од секој родител добиваме по две копии од секој ген, а мутацијата на одредени гени е главен причинител за наследните болести.

Прв на листата е високиот холестерол, за што во целост можеме да го „обвиниме” семејството, тврди американската генетичарка Шивани Назарет.

– “Еден во 500 луѓе има генетска мутација која е причинител на семејната хиперхолестеролемија – наследна болест на срцето која може да биде причина за предвремен срцев или мозочен удар”, открива Назарет и додава дека болните од семејната хиперхолестеролемија не можат да го регулираат холестеролот кој поради тоа се акумулира во вените.

– Не помагаат ниту ригорозните диети или вежбањето бидејќи во овој случај гените го направиле своето, вели Назарет. И, додека двајцата родители можат да бидат виновници за високиот холестерол, ракот на дојката го наследуваме од таткото. Имено, секој човек е роден со гените BRCA1 и BRCA2 кои не создаваат здравствени проблеми додека не се мутирани. Но, жените кои ја наследуваат мутацијата на еден или двата BRCA гени од страна на таткото, имаат поголем ризик за појава на рак на дојката. Докторката Назарет објаснила дека наведените гени не се опасни за здравјето на мажот, бидејќи ракот на дојката е ретка појава меѓу машката популација, додека за жените не може да се каже истото.

Ако за губењето на косата ја обвинувате машката страна од семејството – се обраќате на погрешна адреса. Генот кој има клучна улога кај ќелавоста се наоѓа на хромозомот X, кој мажите секогаш го наследуваат од мајката, додека жените истиот ген го превземаат од двајцата родители.

Наследни се и долготрајните главоболки. Склоноста кон долготрајни и тешки главоболки проследени со гадење е наследна во дури 70 до 80 отсто од случаите, тврди доктор Кејт Хенри од Универзитетот во Њујорк. Научниците откриле дека генот кој предизвикува мигрени често се наследува од родителите.

Не сме поштедени ниту од ментални болести. Околу 10 посто изнесува веројатноста дека ќе наследите склоност кон разболување од депресија, открил американскиот Институт за ментално здравје. Експертите објаснуваат дека депресијата е само една од менталните болести кои можат да се наследат, покрај биполарното нарушување и шизофренијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag