Есен 2017. е резервирана за романтичните и женствени модели на фустани…
Оваа есен нема да згрешите доколку одберете цела сезона да ја поминете во долг, цветен фустан баш онаков, каков што некогаш носеле нашите баби.
Винтиџ парчињата се веќе неколку сезони на врвот на популарноста и на секој стајлинг му даваат доза на романтика. Освен што се “ин”, има многу други причини да се заљубите во овие романтични модели на фустани. Пред се бидејќи можете да ги носите во дневна и вечерна варијанта, а доколку залади доволна е една тексас или кожна јакна која само ќе го дополни вашиот стајлинг.