Потребни состојки:
– 500 гр бисквити
– 1 маргарин
– 4 јајца
– 250 гр шеќер во прав
– 250 чоколада
– 250 мл млеко
– 200 гр сецкани ореви
– 5 лажици рум
– 2 кесички шлаг
Подготовка:
На пареа изматете ги јајцата со шеќерот во прав, па додајте ја исецканата чоколада и варете додека не чоколадата не се растопи. Посебно изматете го маргаринот и додајте го во изладениот крем. Издробените бисквити прелијте ги со вреелото млеко, во кое го ставивте румот. Во таа смеса ставете го изладениот крем и сецканите ореви. Обликувајте ја тортата и премачкајте ја со шлаг.