Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, е меѓу најсаканите членови на кралското семејство. Таа секогаш изгледа совршено, нејзиниот стил го копираат многу жени, а бројни се и оние што сакаат да имаат фризура или шминка како нејзината.
Сепак, Кејт не изгледала секогаш вака. Неодамна во јавноста се појавија фотографии од нејзината младост на коишто се гледа како се забавува со своето друштво, но и каква е кога е пијана. Овие фотографии кралското семејство со години се обидува да ги скрие, но во јавноста често се појавува нешто ново.