Звучи можеби нереално, но само за 5 минути можете да направите вкусен чоколаден колач кога и да посакате!
Состојки:
1 голем филџан
4 лажици брашно
2 лажици шеќер
2 лажици какао
1 јајце
3 лажици млеко
3 лажици путер
1/3 лажица екстракт од ванила
1 лажица рендана чоколада
Подготовка:
Сите суви компоненти ( брашно, шеќер, какао, чоколада) се мешаат во филџанот.
Јајцето изматено се додава во оваа смеса и се заедно добро се меша.
Потоа во смесата додадете го млекото, путерот и екстрактот од ванила.
Филџанот во кој ги измешавте сите состојки ставете го во микробранова на 3 минути на најака темпрература.
Готовиот колач ќе порасне до врвот од чашата. Нека малку се олади и послужете.