
За Флоријан и за неговата убавина се пишуваше на долго и на широко, а очигледно тој не ја заборавил дружбата со популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ, која денес го слави 44-от роденден. Имено, згодниот манекен од нејзиниот видеоспот за баладата „Анѓео другог реда“ ѝ посака најубави желби објавувајќи нивна заедничка фотографија.
„Среќен роденден на српската кралица“, напиша манекенот во описот на објавената фотографија.