Традиционалниот божиќен собир на кралското семејство во дворецот Сандрингам во Норфолк, кој се наоѓа на околу 177 километри северно од Лондон, оваа година е малку поинаков.
За прв пат на Божиќ меѓу кралското семејство се најде и вереницата на младиот принц Меган Маркл, со веќе е нарушен протоколот, бидејќи идната војвотка од Сасекс, сеуште не е венчана со принцот Хари.
Сепак, кралицата Елизабета втора направи исклучок од правилата, заради среќата на нејзините внуци, а првите фотографии од принцовите Вилијам и Хари со своите дами како пристигнуваат во дворецот, зборуваат дека “баба” не направи грешка.
Насмеаната четворка која ја чинат принцовите Вилијам и Хари, Војвотката Кејт Мидлтон и идната сопруга на Хари, Меган Маркл, со задоволство им позираа на фоторепортерите на овој прекрасен празник.
Кејт и Меган опуштени и насмеани чекореа помеѓу своите партенри, па со тоа покажаа дека помеѓу нив не постои никакво ривалство.
По утринската служба, принцот Хари и Меган опуштено и со насмевка на лицето разговараа со собраните луѓе, кои на идната војвотка и поклонија букет цвеќе.