
Во ерата кога луѓето се обидуваат да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, дизајнерите се насочуваат кон природата која ја користат како инспирација и извор.
Еден холандски дизајнер се ослонува на биолуминисценција (создавање и емисија на светлина од страна на живи организми) со цел да создаде светлечко дрво. Научниците веќе успеале да направат мали грмушки и џбунови кои светат користејќи биомимикрија.
Проектот ќе користи прецизни биолошки бои со цел да се добие светлина. Инжењерите и дизајнерите сметаат дека градовите во иднина ќе бидат осветлени со светлечки дрва, наместо со улични сијалици.
Погледнете го видеото: