
Потребни состојки:
- 8 чешниња лук
- 1 лажица оригано
- 3 лажици стопен путер
- 3 лажици маслиново масло
- 250g готово тесто
- Моцарела
Подготовка:
Измешајте ги во блендер лукот, ориганото, путерот, маслото и стопениот путер и блендирајте ги додека не добиете компактна смеса.
Земете го готовото тесто и измесете го добро додека не добиете потенок слој. На тестото премачкајте ја смесата која претходно ја подготвивте. Додадете малку буковец (благ или лут по желба).
Пресечете го тестото на коцки и на секоја коцка ставете топка моцарела. Навртете го тестото околу парчето моцарела и месете додека не добиете топка.
Топките тесто со моцарела ставете ги во сад во кој претходно ќе додадете маслиново масло и печете ги во рерна на температура од 190 степени, 15 минути.
Откако ќе забележите дека тестото веќе добило златно-жолта боја извадете ги топчињата.
Наросете ги со пармезан.
На здравје!