Оскаровката Хали Бери повторно ги засени своите многу помлади колешки. Таа се појави со длабоко деколте на премиерата на својот нов филм „Кралеви“ на Филмскиот фестивал во Торонто и предизвика воздишки кај присутните.
Актерката беше облечена во креација на Зухаир Мурад, а длабокото деколте откриваше повеќе отколку што треба. Но, кај Хали Бери и најдлабокото деколте секогаш е одраз на сексапил и префинетост.