Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси ова лето се венча за детската љубов Антонела Ракуцо на церемонијата во родниот град во Аргентина.
Убавата Антонела денеска и официјално ја потврди информацијата дека е бремена. Имено, таа на својот Инстаграм профил објави слика на која јасно се гледа дека се очекува принова во нивниот дом.
Меси и Антонела веќе имаат два сина – Тиаго, роден во 2012 и Матео – 2015 година. Сè уште не е познат полот третото бебе, кое ќе се приклучи на семејниот тим.