Семејството Кардашијан беше меѓу првите славни личности кои многу гласно ја поддржуваа Хилари Клинтон за време на предизборната кампања, а медиумите тврдат дека Трамп не сакал да им го прости тоа… Како што јавуваат американските портали, откако членовите на семејството Кардашијан слетале на почнавата на својата земја при враќање од одморот од Дубаи, ги пречекале претставници на имиграциската служба. Тие темелно го прегледале авионот со кој Ким, Кортни, Клои Кардашијан, Кајли и Крис Џенер и момчето на Кајли – Тајга – се вратиле дома и ги испрашувале патниците. Медиумите шпекулираат дека овој претрес бил одмаздата на Доналд Трамп поради отвореното и гласно кревање на гласот на познатото семејство против него пред изборот за ов претседател на Америка.