Ilyshin 18 -Хотел во авион

popara13 март, 20173min00
15

Замислите, седите во комплетно опремена пилотска кабина на авион кој е долг приближно 40 метри и замислете…Вие сте пилот…
Авионот е претворен во луксузен апартман за две личности, што значи ќе имате на располагање цел авион, вклучувајќи ги неговите топ-флајт бенефиции, што вклучуваат:  џакузи, одвоени топ кабини, инфрацрвена сауна и.т.н. Како додаток, понудата со луксузен мебел може да биде употребена и како простор за состанок, каде што ќе ја најдете секоја можна техничка помош и кетеринг. Оваа специјална локација може да прими 10-15 личности на состанок, во тотално луксузни услови.
Авионот Ilyshin 18, е конструиран во 1980 година. Во своите почетоци, служел како Владин авион.  Од 1964 до 1986 бил користен од источно-германска компанија. Авионот може да прими 120 луѓе и 4 луѓе во пилотската кабина. После обединувањето на Германија, авионот 15 години бил користен како ресторан, се додека не бил превземен од  Hotelsuits, во 2007 година.
Аеродромот Teuge се наоѓа во средината на триаголникот од три градови: Девентер, Апелдорн и Зуптен. Овие историски градови нудат огромно шопинг искуство. Ако сте љубител на природата посетете ги Veluwe ili Bussloo каде можете да уживате во пливање, риболов, голф, планинарење, јавање и.т.н. Овде ќе ја најдете и Thermen Bussloo, ексклузивна сауна, козметички салон  и бања. Алтернатива е и Veluwsebron, комплекс сауни со пет ѕвездички. Ако пак повеќе сакате голф, овде има и повеќе голф терени…
Доколку имате страв од летање, ова е одлична причина да се опуштите…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag