Постојат многу начини на кои жената доживува сексуално задоволство, а секој од нив го “осветлува” нејзиниот мозок како новогодишна елка, покажува неодамнешното истражување.
Користејќи скенер, научниците ја обележале рекацијата на женскиот мозок во судир со различни видови на сексуална стимулација.
Откриено е следново:
Постои силна врска помеѓу брадавиците и вагината. Значи, за време на стимулацијата на градите, сигналите патуваат “таму долу”.
Сите тие места помеѓу нозете на жената: усните, клиторисот и внатрешниот дел од вагината може да предизвика реакција на различни делови на мозокот.
Клиторисот испраќа сигнал во истиот дела на мозокот на жената, како пенисот кај мажите.
Ова неверојатно откритие е објавено во “Весник за сексуална медицина”, јасно покажува дека жените можат на многу различни начини да доживеат чиста екстаза.
Како да ги препознаете и по желба да манипулирате со нив, треба да се фокусирате само на една точка во еден момент.
За тоа партнерот не ви е неопходен, а не морате ни да бидете во кревет.
Целосно опуштете се и запознајте го своето тело. Не треба да се чувствувате непреијатно затоа што се допирате.
Кога сами ќе го запознаете своето тело, подгответе се да го “поделите” со партнерот.
Полека отстранете ја облеката и со нежни допири мазете ги вашите тела. Ќе се изнанадите колку точки предизвикуваат кај вас сексуално возбудување, а најдобро е што кај секој поединец се различно распоредени.
Не размислувајте за обврските и пристисоците и ќе почувствувате дека стресот едноставно “испарува” од вас.
Пред да преминете на стимулација на другиот дел од вашето тело, направете мала пауза. Сексот по ваквата предигра ќе биде вистински “огномет”.
Точно е дека жената има најдобар сексуален живот во четириесеттите години, кога е потполно свесна за себе и нема проблем со експериментирање. Меѓутоа, нема причина зашто вашето сексуално време да не започне токму денес!