
Тренирајте ги вашите сиви клетки и вежбајте ја интелектуалната кондиција со најновата загатка којашто ја “излуде” интернет мрежата.
Вонземјаните ве киднапирале како би дошле до заклучок дали сте логичен и интелигентен облик на живот.
А тоа ќе го дознаат така што 9-те останати заробеници и вас ќе ве распоредат во редица по височина, така што највисоката личност ќе може да ги гледа сите пониски личности пред себе, додека најниската нема да гледа ниту една личност пред себе.
На сите затвореници на главите ќе им бидат ставени бели и црни шешири, и секој од вас ќе треба да ја погоди бојата на својот шешир.
Не се знае колку вкупно ќе бидат поделени на црни, а колку на бели шешири. Во текот на погодувањето не е дозволено да го допирате шеширот, да се завртувате наназад, да отстапувате од редицата, да комуницирате со другите затвореници ниту да изговарате било што друго освен црн или бел.
Имате пет минути да осмислите стратегија како секој затвореник успешно да ја погоди бојата на својот шешир. Само еден затвореник има право погрешно да ја погоди бојата, додека преостанатите девет мора да дадат точен одговор. Својот план смеете да го споделите и со останатите затвореници, а после договорот застанувате во редот и погодувањето почнува.
Решението на загатката побарајте го во видето: