Ирина Шајк и Бредли Купер станаа родители

popara11 април, 20171min00
5

Познатиот модел и славниот глумец му посакаа добредојде на своето прво дете.

31-годишниот руски модел  и 42-годишниот актер, не знаеле за полот на детето сè до породувањето, сакале да биде изненадување. Во јавноста сè уште не е објавено кој е полот на детето, но сите со нетрпение очекуваме да дознаеме. Ирина Шајк се породи уште пред две недели, но официјално во јавноста не беше објавено сè до сега. Познатиот пар целосно сака приватниот живот да го држи во тајност. 

Пред породувањето, Ирина беше фотографирана со нејзината мајка како пазаруваат.