За новопечените сопружници тоа требало да биде најубавиот брачен период, но покојната принцеза го опишала како пеколен, пишува во новата книга за поранешниот англиски кралски пар.
Дијана Спенсер имала само 19 години, кога го запознала и се вљубила во англискиот принц Чарлс.
Двојката се венчала во 1981 година а медениот месец го поминала крстарејќи со кралската јахта Royal Yacht Britannia
“Дијана ментално паднала кога дознала дека Чарлс навистина сака друга жена – Камила Паркер Боулс. Неколку часа пред свадбата таа повраќала од мака, болка и стрес, а принцот сето тоа наивно го препишал на тремата”, се тврди во книгата.
Со оглед дека покојната принцеза Дијана на својот меден месец била толку вознемирена, докторите и препишале Валиум , средство за смирување за кое многумина велат дека има посилно влијание на мозокот од хероин или марихуана.
“Таа одбила да го земе. Била убедена дека кралското семејство сакало да и дава седативи за да не биде свесна за светот околу себе. Таа постојано живеела во параноја дека сите од страната на семејството на нејзиниот сопруг се против неа”, вели Сали Бедел Смит, американска историчарка и писателка која е специјализирана за биографиите на славните.