Потребни состојки (за 2 лица):
2-3 компира со средна големина
малку сол
малку бибер
коцка путер
2 лажици рендан пармезан
2 јајца
Начин на подготовка:
За овој рецепт може да употребите мали керамички чинии или калапи.
Компирот излупете го и крупно изрендајте, додадете сол и бибер според вкус. Додадете коцка путер (25гр) и рендан пармезан, потоа добро измешајте. Малите керамички садчиња намачкајте ги со путер и обложете со изренданиот компир, направете вдлабнатина со лажица на средина како гнездо, па ставете да се пече околу 20 минути.
Како ‘гнездата’ од компир веќе добиле убава боја, извадете ги од рерна, скршете по едно јајце во секој вдлабнат простор и вратете уште малку да се печат додека јајцата не бидат готови! Добар апетит!