Контроверзната пејачка Јелена Карлеуша веќе две години е член на жирито на музичкиот натпревар „Гранд-ѕвезди“, па српските новинари се обидоа да дознаат за колкав хонорар ЈК жирира кај Саша Поповиќ, директорот на продукцијата „Гранд“.
„Мене Саша Поповиќ ми подаде рака во моментот кога трпев медиумско ембарго, вистински линч. Тој беше храбар да верува во мене, а јас не барав ништо повеќе. Направивме најгледано шоу, кое две години го работев пријателски“, вели Карлеуша.
На прашањето за висината на хонорарот, Карлеуша одговори:
„Не наплатив ниту динар, ниту имам таква намера. Јас тоа го правам бидејќи Саша ме крена од дното кога сите ми завртеа грб. Се покажа дека не е погрешен тој негов чекор. Посакувам ниеден мој колега да не го мине она што го минав јас, зашто мали се шансите да продолжи да го работи истото. Немаат сите можност да бидат во ’Ѕвездите на Гранд’“, заклучува Јелена Карлеуша.