Најмладата членка на кланот Кардашијан-Џенер, Кајли, го прослави 20-от роденден во интимна атмосфера со нејзините најблиски, но затоа пак не ги заборави своите обожаватели кои ги почести со разголени фотографии.
На фотографиите Кајли е во секси долна облека, но остава нешто и на имагинацијата со оглед на тоа дека брадавиците и ѕиркаат од жолтиот градник.
Кајли моментално се забавува со новото момче, раперот Тревис Скот. Сепак, поголема окупација и се парите, со оглед на тоа дека е на добар пат да стане милијардерка. Благодарение на кармините кои ги пушти во продажба пред 18 месеци, заработи 420 милиони долари, додека нејзината останата козметика оваа година и донесе заработка од 386 милиони долари.