Како британското кралско семејство го слави Божиќ?

popara12 декември, 20171min00
2

Секогаш е интересно да се види како богатите и славните ги поминуваат Божиќните празници, бидејќи често мислиме дека ним тие денови им се многу поинтересни и барем на некој начин поубави од нашите.

Кралицата Елизабета Втора веќе ги украсува салите на дворецот Виндзор, нејзиниот викенд-дом, за Божиќ со пристигнувањето на 6-метарска новогодишна елка, раскошна декорација и прибори за на маса.

Божиќната декорација во замокот стана годишна традиција. Минатата година салите беа украсени во источен стил и елката беше украсена со кинески фенери.

Оваа година, сепак, ќе се потпре на нешто потрадиционално – замокот, кој е најстарата и најголема населена палата во светот, сјае со брилијантно златно и црвено. 6-метарската нормандска елка, купена од блискиот Great Windsor Park, е поставена и украсена во салата Сент Џорџ.

Кралицата се очекува да помине извесно време во замокот Виндзор во декември, но обично не останува таму за Божиќ. Кралското семејство ќе се приклучи на Елизабета Втора и принцот Филип во нивниот престој во Сандрингем на Бадник пред Божик.

Распоредот за Божиќните празник е строг и вклучува доручек, црковна служба во Сент мери во Сандрингем, прошетки, оброк. Божиќниот ручек трае само 50 минути. Воздухопловните сили секогаш го емитуваат годишниот Божиќен говор на Нејзиното Височество, но тој веќе е снимен однапред.

Дури и облеката е официјално регулирана. На Бадник – костими и елегантни свилени фустани за ручек и „црна вратоврска и гламурозни фустани“ со скап накит и тиара за вечера. Божиќното утро е резервирано за дневна облека или елегантно костимче со бисери за жени и мантили за мажи кога кралското семејство оди во црквата.

Подароците се „евтини и забавни“, а загатките, божиќните колачиња и забавните игри се нешто доста често за божиќните празници.