Сите ние знаеме за барем неколку примери како девојката која си фаќа момче, тотално се менува. Како ја губи својата индивидуалност и прави само она што тој би сакал да прави. И сите знаеме колку иритирачки е таквото однесување и како ни доаѓа да и удриме една шлаканица, та да слезе на земја.
Но пак од друга страна ние исо така не сме осигурани од сличната ситуација! Како да останеме достојна партнерка, а не безкарактерно суштество, да робуваме на нечии оправдани и неоправдани желби?
Прва и многу важна работа е да не заборавиме на пријателите! Масовна грешка која вљубените жени ја прават. Гледаат секоја слободна секунда да ја поминат со својот партнер, не сваќајќи дека тоа го руши нивниот социјален живот. Кој пак е исклучително важен за личната хармонија на секој човек.
Следува времето за себе. Нема жена која нема потреба од него! Дали ќе одиме на пазар, дали ќе ги лакираме ноктите, или ќе читаме списание – сеедно! Најважно е да си имаме минути кои се само наши.
Има еден многу убав трик, кој ќе и олесни на секоја девојка – да направи заедничко друштво. Со своите и неговите пријатели. Вреди да се обидете. Бидејќи така ќе поминувате повеќе време со вашиот партнер и со своите пријатели, а и полесно ќе се зближите со неговите.
И на крај доаѓа најважното. Ајде да бидеме себе. Имам една познаничка која се заљуби до уши во еден страшно претенциозен маж. Таа беше плава, тој преферирал црнки. Таа сакаше да излегува навечер, ама тој сакал “сериозна жена”. Таа ги почитуваше другарките, но според него ниту една не чинела. Резултатот – таа стана црнокоса, кротка домаќинка, без никаков социјален живот. Но најлошото од се беше дека по неколку месеци тој ја откачи. Класика, нели!
Заклучокот е јасен – нема лошо во тоа да правиш компромиси. Но никогаш еднострано и секогаш во рамките на сопствените принципи. И, ако решиш да се менуваш, направи го тоа бидејќи ти го сакаш. Направи го за себе, а за некој друг. Инаку, на крајот не само што ќе плачеш, но и нема да има кој да ти ги избрише солзите.