За да ја спречите појавата на пеги и флеки на лицето и на телото, секојдневно негувајте ја вашата кожа со производи за белеење кои го растворуваат наталожениот пигмент и ја чуваат вашата кожа во беспрекорна состојба.
Пегите и флеките најчесто се појавуваат како последиа на сончањето, а неретко за нив е одговорен и генетскиот фактор. Најчесто се појавуваат на образите, рацете, грбот и деколтето, кај личности кои имаат светол тен.
Средства кои влијаат за отстранување на пегите и флеките од вашето лице и тело:
Пероксид: Постојат разни делотоворни мешавини како на пример цинковиот пероксид или хидропероксидот. Тие се темелат на создавање на атоми на активен кислород кој преку процесот на оксидација го уништува меланинот.
Пилинг: За пилинг супстанци најпогодни си киселините од природно потексло, како салицитна киселина, млечна киселина или пак винска киселина. Во комбинација со средства за негување на кожата, како на пример пантенолот, овие киселини се одлично средство за отстранување на пеги и флеки.
Домашна нега: За несаканите пеги и флеки можеме да направиме неколку домашни рецепти кои ќе ни помогнат во нивно отстранување. Тука се смесата од рен, оцет и брашно, потоа маска од кисело млеко, како и коктел од белки и камилица.