Како да ги ускладите бојата на косата и шминката

popara13 јануари, 20171min00
2

Прочитајте совети од успешните шминкери за како да ги ускладите бојата на косата и шминката. Без разлика дали штотуку сте добиле феноменална боја на коса од туба или сте родени со неа, согласувањето на бојата на косата со шминката може да биде предизвик.

Мислeте во тонови

Дали е вашата коса платинасто или песочно руса? Костенова или мед кафена? Овие разлики се разлики помеѓу топли и ладни тонови. Ако имате топла боја на коса и користите ладни тонови, можете да изгледате неубаво. Ако имате ладна боја на кожа, користењето топли тонови ќе му даде светлост на вашето лице, но ладните тонови ќе ви дадат поприроден, помалку нашминкан изглед.

Направете контраст

Проучете некои бои и одберете тонови на шминка спротивни од бојата на вашата коса, за да ја истакнете. На пример, црвенокосите изгледаат фантастично со смарагдни нијанси. Вклучете се во вашиот личен уметнички проект!

За бринети: Не претерувајте

Ако сакате да ја вклопите смеѓата коса со неутрална шминка, почнете полека. Наместо да ставате кафено руменило на образите, пробајте кафено-розова нијанса – која дава здрав, младешки, свеж сјај. За боја за очите, комбинирајте различни кафени сенки кои ќе им дадат димензија на вашите очи, посебно ако ставате потемна боја долж наборите на капакот.

За русокоси: Бронзени тонови

Бронзените тонови изгледаат фантастично на русокоси. Начинот на кој го дефинираат лицето ве прави поубави. Бронзерот не е само за лето – нанесете пригушен бронзен тон на образите и во зимскиот период. Ставете малку бронза на образите да ги истакнете убавите очи.

За црвенокоси: Пригушени бои

Изборот на шминка за црвенокосите може да биде тежок. Наместо стандардните розови и црни бои, секогаш одбирајте пригушени тонови. Кафено-розово руменило и кафено-црвен кармин на усните ќе изгледа подобро отколку само розова или црвена боја. Завршете го изгледот со кафена или кафено-црна маскара.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma