![6](https://popara.mk/wp-content/uploads/2017/12/6-7.jpg)
Време е да го разбудите сексапилот, а ние ви носиме некои совети кои ќе ви помогнат во тоа.
Многу жени денес не се способни да го почувствуваат сопствениот сексапил коиј има важна улога во различни области во животот, како и мртва трка со времето која доведува до тоа жените да се исцрпени и да немаат време да се посветат на себе и на развивањето на сексапилот.
Време е тоа да го промените и да направите нешто за себе. Ние ви нодиме неколку совети кои во тоа ќе ви помогнат.
Шетајте голи
По туширање, немојте веднаш да се облекувате. Прошетајте малку низ станот голи, бидејќи на тој начин ќе го почувствувате телото и сензуалноста. Што повеќе го правите тоа, подобро ќе се чувствувате во сопствената кожа и ќе го разбудите својот сексапил.
Масажа на телото пред огледало
Секој ден на телото нанесете лосион или млеко за тело. Тоа задолжително правете го пред одгледало и внимавајте движењата да ви бидат спори, нежни и сензуални. Тоа ќе ви помогне да ја цените и согледате убавината на вашето тело.
Секси биографија
Напишете своја секси биографија. Во неа ставете ги сите комплименти кои сте ги добиле од мажите, а запишете го и она што самите го сакате на себе. Читајте ја оваа биографија барем два пати дневно. Така ќе се освестите за сопствниот сексапил.
Зборувајте секси
Зборувајте двосмислено и користете секси зборови. Така секако не треба да зборувате на работното место, но на пауза смеете на згодниот колега да му кажете двосмислена реченица поради која ќе размислува за вас со часови.тука не зборуваме за вулгарност, туку за секси зборови кои ќе направат да се чувствувате како секси заводничка.
Изберете секси облека
Немојте да попуштите пред бројните обврски и постојано барајте удобна облека. Ви се допаднало тоа вам или не, голем дел од сексапилот ја прави секси облеката.
Наместо широки панталони и маица, изберете женствени фустани низ кои ви се гледаат облините.
Танцувајте
Ако имате прилика, запишете се на курс за секси танц, бидејќи ништо не го буди сексапилот како танцот. Ако не сакате да одите на курс, играјте сами дома.
Движењата нека бидат бавни и сензуални, танцувајте и разбудете ја секс божицата во себе.
Црвен кармин
Едно истражување покажало дека црвениот кармин во жените буди моментално секси разположение, бидејќи се чуватвуваат убаво и привлечно. Затоа нанесете кармин и флертувајте.
Дозволете си кралски третман
Ако воопшто можете, почестете се со масажа и останати спа третмани. Тоа ќе направи навистина да се чувствувате подобро во својата кожа, а тоа чувство ќе резултира со зголемен сексапил.
Докажано!