Фишингот е термин кој датира од уште од 1996 година, но е доста актуелен и денес.
Се користи за да означи обид за наведување на интернет корисниците да ги споделат своите кориснички имиња, лозинки и лични податоци, кои потоа ќе бидат злоупотребени.
Шемите кои се користат при фишингот често подразбираат наведување на корисниците да посетат лажни мрежни места кои го имитираат излгледот на легитимни брендови, а дел од нив се прикажани како банки и е-продавници каде е нужна употребата на кредитни картички.
Исто така, тука се вбројуваат и шпионските програми (тројански коњи) кои се вметнуваат како програми на компјутерот на потенцијалната жртва и преку нив се следи се она кое таа го прави.
За да се заштитите од ваков тип на измами:
-Комуницирајте за вашите лични информации само преку телефон или веб-страни за кои сте сигурни дека се безбедни.
-Не кликајте на линкови, превземајте датотеки или отворајте фолдери во е-пораки од непознати испраќачи.
Одбегнувајте да споделувате лични или финансиски информации дури и ако сте блиски со примачот на пораката.
-Јавете се во компанијата доколку ви изгледа сомнително е-пораката. Често фишинг страниците го копираат целиот изглед на страниците за да изгледаат автентично и уверливо.
-Заштитете го вашиот уред со филтри за спам, анти-вирус и анти-шпионски софтвер. Секогаш правете ажурирања за да бидете сигурни дека го имате најсовремениот софтвер кој овозможува да ги блокирате новите вируси.