Како се сети на ова?!

popara25 јули, 20171min00
fejsbuk_1000x0

Хакираше туѓ FB профил на најлесниот можен начин

Хакирањето на FB пробил изгледа не е воопшто тешко.

Барем така тврди Џејмс Мартинадале кој ја објасни целата процедура.

Доколку заборавите шифра, FB ви дозволува да користите телефонски број како би ви овозможил пристап. Поради тоа, доколку хакер се одлучи да го користи вашиот стар број на телефонот, тој може да влезе на вашиот профил кога сака.

Тоа, се разбира може да се случи само во случај доколку сте менувале број на телефон, а стариот се уште ви е запишан во приватни податоци.

Всушност и самиот го има пробано тој трик и успеал да влезе во туѓи профили. Што направил? Купил нова картица и ја ставил во својот телефон. Веднаш добил порака од FB дека неговиот телефон е поврзан со профилот.

“Бев љубопител. Знаев дека FB веднаш ќе го пронајде профилот кој е поврзан со тој број. Се разбира дека беше туѓ профил“, изјави и додаде дека веднаш пробал дали може да ја поништи шифрата од претходниот корисник на тој број. Тоа било премногу лесно и успеал.

Како што истакнува, истиот метод може да им олесни на хакерите да влегуваат во профили и да ги продаваат на сивиот пазар, но и да ги уценуваат корисниците за пари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *