Кога станува збор за овенот, тој сака спонтано водење на љубов. Луѓето родени под овој знак, тотално се топат кога партнерот целосно им се предава. Нивната ерогена зона е главата – тие сакаат кога некој им ја разбушавува косата додека водат љубов. Тие исто така можат да бидат себични во кревет, а и брзи. Она што најмногу ги возбудува е страсниот бакнеж.
Сексуалната природа ги вклучува сите сетила на бикот. Допирот и мирисот им се многу важни на овие луѓе. Овие љубовници немаат репутација на романтични луѓе, но, тие секогаш се нежни во водењето на љубов. Она што го сакаат најмногу е физичкиот контакт со партнерот, кој секако им е најважен.
Близнаците навистина обожуваат кога им зборувааат во кревет, бидејќи тоа е она што најмногу ги возбудува! Воглавно, тие се забавни во кревет и сакаат да се бакнуваат. Понекогаш можеби и ќе ве зачудат со нивните желби и барања во кревет, но тие се едноставно авантуристи по природа.
Сакавте нежно и слатко водење на љубов? Тоа можете да го добиете од кој ако не од чувствителните ракови. Ќе ви приредат такви романтични моменти, што ќе посакате цело време да ги бакнувате. Тие најчесто не откриваат што е она што ги возбудува, и очекуваат од нивните партнери сами да откријат.
Посветеност и внимание е она што ќе го добиете во водењето љубов со гордите лавови. Луѓето родени под овој знак најмногу се возбудуваат кога нивниот партнер им кажува колку тие се добри во кревет. Тие исто така можат да бидат посесивни, и најчесто сакаат да ја имаат главната улога во кревет.
За девиците, емоционалната поврзаност со партнерот за време на сексот е многу важна. Тие сакаат да водат љубов полека, а би го правеле тоа и цел ден. Она што најмногу го сакаат е кога прават убави работи за партнерот, а тој им дава до знаење дека го цени тоа. Нивната љубопитност може да ве одведе во светот на фантазиите.
Неодлучните ваги, еден ден сакаат секс без обврски, а веќе наредниот ден тотално му се посветени на партнерот. Нивната ерогена зона е нивниот врат, затоа никако не го прескокнувајте тој дел од телото додека водат љубов со вас.
Мистериозните шкорпии се познати по својата самобендисаност, па затоа би биле најсреќни доколку им упатувате комплименти додека водат љубов со вас. Тие исто така се и многу љубопитни и доста посветени на партнерот, па немојте да се изненадите кога ќе годопре секој дел од вашето тело, со цел да открие што е она што најмногу ве возбудува.
Авантура, авантура! За тврдоглавите стрелци, водењето љубов во кревет е по малку и досадно. Тие сакаат да ги испробаат сите можни места, па затоа им се најинтересни на сите, и водењето љубов со нив никако не може да биде досадно и да прерасне во монотонија. Тие секогаш ќе бидат спремни за некој нов предизвик, а најмногу сакаат кога водењето љубов ќе настане спонтано.
Јарците по природа се исто тврдоглави како стрелците, но не и авантуристи. За нив водењето љубов надвор од креветот е незамисливо, а понекогаш водењето љубов со нив може да биде и досадно. Но, во секој случај, тие исто така знаат да се погрижат да го задоволат партнерот.
Она што најмногу ги возбудува водолиите се долгите, страсни бакнежи во кревет. Бакнувајте ги и кажете им колку ви значат, бидејќи тоа ќе им ја зголеми самодовербата во кревет. Најчесто, сакаат да му угодат на партнерот, па затоа и го прифаќаат секој негов предлог кога се работи за водењето на љубов.
Топлина и нежност е она што ќе го добиете од рибите додека водат љубов со вас. Тие тоа го сакаат брзо, но, затоа ќе ви ја подарат сета нежност на светот. Најмногу сакаат кога за време на сексот ќе им ја фатите раката, бидејќи така се чувствуваат поврзано со вас. Нивната ерогена зона се градите.