Поп дивата Мараја Кери настапила на дочекот на новата 2017 година на Тајмс сквер и нема сомнеж дека оние кои биле присутни на популарниот њујоршки плоштад долго ќе го паметат нејзиниот настап.
Имено, Мараја Кери излегла на сцената за њујоркчаните во новата 2017 да ги внесе со својата песна, но нејзиниот настап бил далеку од беспрекорен. Напротив, се чини дека поп дивата го заборавила текстот на сопствената песна.
Even Milli Vanilli is embarrassed by Mariah Carey's debacle. pic.twitter.com/8179cHu7jA
— Jimmy Traina (@JimmyTraina) January 1, 2017
Во текот на нејзиниот настап, на кој пеела на плејбек, Мараја никако не можела да ги погоди зборовите од текстот ниту пак ритамот на песната.
Додека траела песната лесно можело да се забележи дека во позадината е еден текст а Мараја пее друг. Прво била збунета а потоа налутено се свртела со намера да ја напушти сцената.
https://www.youtube.com/watch?v=0ZJCjnmuWnc
И покрај се, пеачката само ги симнала рамениците и и се извинила на публиката. Дури и ги замолила присутните да ја допеат песната наместо неа и се чинеше дека е на раб да заплаче.