Во септември се одбележуваат десет години откако светот постана опседнат со семејството Кардашијан.
Мајка, татко и шест деца постанаа планетарно славни после првата епизода од реалити шоуто Keeping Up with the Kardashians.
Денес не поминува ден да некоја од сестрите Кардашијан или Џенер не биде на насловна страна во новините или веб порталите. Тринаесет сезони подоцна светот уште е опседнат со ова семејство.
Поради тоа претходната декада ќе биде обележана на вистински начин со деведестминутнен специјал на денот на 10 годишнината од премиерата на првата сезона. Специјалната емисија ќе ја води продуцентот на серијата Ryan Seacrest.
Во студиото ќе бидат Крис, Ким, Клои, Кортни, Кендал и Кајли кои ќе се присетуваат на најголемите доживувања од нивниот живот. Емисијата ќе се емитува на 25 септември на каналот E!.