Јелена Карлеуша и Светлана Цеца Ражнатовиќ повеќе од две децении војуваат и одат по судови, а на последното рочиште и двете дојдоа насмеани и ниедна не коментираше што се случувало зад затворените врати во судницата.
Имено, познато е само дека судијата се обидел да ги смири пејачките и да ги натера да се откажат од тужбата и да ги закопаат воените секири, но тоа не вродило со плод.
Сега карлеуша кратко се огласи за судењето кое се одвива во тајност.
– Поради агресивноста на цеца судијата мораше да го притисне тастерот за паника и да викне обезбедување, напиша таа без да додава детали.
Цеца се нема огласено за судењето.