Ким Кардашијан со ново ријалити

popara11 декември, 20171min00
8

Ким Кардашијан ќе се здружи со својата шминкерот Марио  Дедивановиќ за новото ријалити под наслов “Glam Masters”.

Старлетата непрестано смислува нови проекти кои и носат нови милиони, а сега со смисли и овој нов ријалити, кој ќе поцне да се емитува од 28. фебруари.

Шоуто ќе го води Лаврен Кокс, а шминкерот Марио Дедивановиќ ќе биде еден од членовите на жирито, заедно со Јутјуб шминкерот Кенди Џонс и модната уредничка Зана Робертс.

Иако сеуште не знаеме што точно да очекуваме од ова шоу, Дедивановиќ најавува нешто спектакуларно.

– Бев малку несигурен во однос на овој проект, малку исплашен бидејќи незнаев што да очекувам, но ова е всушност едно од најдобрите искуства во мојата кариера. Толку емотивно, живо и вистинско. Со нетрпение чекам да видите и вие! Големата награда некому ќе му го промени животот. Ако сакате шминкање и совети за убавина, ова ќе биде вашата омилена емисија – вели шминкерот.

Иако е Ким продуцент на најавеното шоу, сеуште не е јасно каква точно ќе биде нејзината улога тука, односно дали и таа ќе се појави во ова ријалити.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag