Кога треба да избегнувате секс

popara24 април, 20171min00
7

Што во ситуациите кога вашиот дечко ве вика да “гледате филм” кај него,а веќе знаете што значи тоа.И баш во тој момент не ви е до секс.
Во таквите моменти е најдобро искрено да го кажеме тоа,а и сексот е секогаш подобар кога двете страни се еднакво заинтересирани.
За да не доаѓате во слични ситуации,најдобро е да го прескокнете овој вид на релаксирање кога немате желба.

Еве кои се најчестите ситуации кои партнерите не ги препознаваат секогаш:

1. Кога не се чувствуваш добро во своето тело – сите ние имаме денови кога едноставно не се чувствуваме добро во своето тело и точно тие денови се оние кога треба да уживаме во заедничко гледање на филм или серија.

2.Ако си невина и не се чувствуваш подготвено – можеби он не е тој вистинскиот или кога дошол тој момент ти едноставно не се чувствуваш подготвено.Нема потреба да форсираш нешто.

3. Кога во себе немаш заштита – една лоша одлука може да ти го промени целиот живот.Мисли на себе и нема потреба да ризикуваш.Секогаш користи кондом.

4. Кога се чувствуваш како да мораш – он е сам дома и сега е идеална шанса.Ако не сакаш слободно кажи му.

5. Имаш лошо искуство од порано – најдобар метод за ослободување од стравот е искрен разговор.Кажи му на дечкото дека си имала лошо искуство и дека ти треба време да се опуштиш.

6. Едноставно не сакаш – никогаш не мора да имаш конкретна причина.Едноставно не сакаш.Попрво би отишла во кино или на лизгање или пак би играла друштвени игри.

7. Кога се се одвива брзо – иако понекогаш финтата е во тоа,понекогаш едноставно си расположена за долго мазење,и тоа сепак да не биде готово за 10 минути. Па ако немаш време да го добиеш тоа што го сакаш,подобро е да почекаш друга шанса.

8. Кога имаш менструација – сексот за време на менструација не е некој баук,но ако не се чувствуваш спремно тогаш секако дека имаш право да кажеш не.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma