Кој лак за нокти најмногу ви одговара

popara13 април, 20171min00
2

Лакот за нокти треба да го усогласите со шминката и облеката. Меѓутоа, важно е и дали одговара на вашиот карактер и дали знаете да ја носите бојата која сте ја ставиле на ноктите.

Лакот за нокти го има во сите бои, од бела па до најсилни нијанси на сина и зелена. Сепак, тие не стојат исто на сите. Со силно жолти нокти една девојка ќе изгледа смешно, додека пак друга ќе ги одушеви сите околу себе. Откријте која боја најмногу ви прилега вам.

Бела

Жената која бира лак во бели нијанси е сигурна и сака класика. Таа знае што сака и не се впушта во експерименти со новитети. Лакот во бела боја е добар за секоја прилика и било која комбинација на облека.

Светло розова

Девојките кои се одлучуваат за светло розов лак се конзервативни, елегантни и мислат дека секогаш се во право. Оваа нијанса е добра за излегување, вежбање, па и за деловен состанок.

Пинк

Лакот во силно розова боја е наменет за модерни, секси и храбри девојки. Кога носите таков лак, сигурно ќе бидете впечатливи и забележани!

Жолта

Боја за жени во тренд, кои имаат уникатно чувство за стил. Девојката која ја носи, во душата е боем и рокер. Може да се носи во спортска варијанта, но нема да згрешите и доколку го употребите во комбинација со краток црн фустан за вечерно излегување.

Портокалова

Вистинска боја за девојките што го сакаат летото. Тие се женствени, расположени и уживаат во летото. Одлична нијанса за сите летни фустани.

Светло зелена

Девојката која ја носи оваа боја е жива, енергична и зборлива. Секогаш е во тренд и води возбудлив живот. Оваа боја не е за секој ден, освен во случај ако сте уметничка. Можете да ја комбинирате со сандали во слична нијанса.

Црвена

Оваа боја на вашите нокти означува елеганција и романтика. Девојката која носи црвен лак покажува дека е отворена, женствена и моќна.

Сина

Сината е како создадена за жени кои духовно се секогаш млади, интересни и подготвени за предизвици. Покрај тоа, ноктите во сина боја се хит оваа година.

Виолетова

Потемните нијанси можете да ги носите за вечерни излегувања, а посветлите преку ден. Оваа боја е софистицирана и погодна за модерни девојки.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag